← Назад кон почетната

Бришење на профил и податоци

Последна измена: 29 јули 2026

Во секое време можеш да побараш профилот и податоците поврзани со него да бидат избришани. Бришењето е трајно и не може да се врати назад.

1. Бришење директно во апликацијата

Најбрзиот начин е сам да го избришеш профилот. Најави се, отвори Профил, избери Избриши го мојот профил и потврди. Профилот се брише веднаш.

Истата опција постои и во мобилната апликација и на веб-платформата.

2. Ако немаш пристап до профилот

Ако не можеш да се најавиш, испрати барање за бришење на kontakt@imamcovek.mk од е-поштата со која е регистриран профилот. Барањето го обработуваме во рок од 30 дена и ти потврдуваме кога бришењето е извршено.

3. Што се брише

  • Твојот налог за најава и профилот со име, е-пошта и телефон.
  • Целиот разговор со тимот, заедно со сите пораки.
  • Сите слики и документи што си ги прикачил во чатот.
  • Сите известувања поврзани со твојот профил.

4. Што задржуваме и зошто

Записите за платените барања, плаќањата, рефундациите и дадените согласности се задржуваат и по бришењето на профилот. Тоа се сметководствени и даночни записи што сме должни да ги чуваме согласно законските прописи, за периодот пропишан со истите.

Овие записи повеќе не се поврзани со активен профил и се означени како избришан корисник. Не се користат за контакт, маркетинг ниту за било каква друга намена.

5. Прашања

За сè што се однесува на твоите податоци, погледни ја Политиката за приватност или пиши ни на kontakt@imamcovek.mk.