← Назад кон почетната

Политика за плаќање и рефундација

Последна измена: 21 јули 2026

1. Плаќање

Секое барање добива понуда со фиксна цена во чатот. Плаќањето се извршува однапред, безбедно преку Stripe, со платежна картичка. Имам Човек нема пристап до податоците на твојата картичка.

2. Неповратен дел

Со прифаќање на понудата и плаќање, 20% од платениот износ е неповратен. Овој дел ги покрива започнатите активности, координацијата и резервираното време на тимот. Ова е јасно наведено пред секое плаќање и се потврдува со изречна согласност.

3. Рефундација

  • Ако услугата не може да се реализира, се рефундира до 80% од платениот износ.
  • Во исклучителни случаи, по проценка на Имам Човек, може да се одобри и целосна рефундација.
  • Рефундацијата се врши на истата картичка со која е извршено плаќањето.
  • Банките вообичаено ги обработуваат рефундациите во рок од 5 до 10 работни дена.

4. Како да побараш рефундација

Напиши ни во чатот на платформата. Секое барање за рефундација се разгледува индивидуално и добиваш одговор во најкус можен рок.